-->
-->
Во 17 акции полицијата заплени поголеми количества алат за криволов на Охридското Езеро
-->
Во акции на Регионалниот центар за гранични работи Запад при МВР изминатите две седмици се откриени четири случаи на кривиловење риба во Охридското Езеро.
Во спроведените 17 патроли на езерото во соработка со Државниот инспекторат за земјоделство се пронајдени 34 разновидни рибарски мрежи со вкупна должина од 1.800 метри, 150 парчиња риба (охридска пастрмка, белвица, мрена, и др.) со вкупна тежина од 13 килограми.
По расчистување на случаите и нивно документирање, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави. Риболовниот алат е одземен и донесен во Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ за понатамошна постапка, а уловот е предаден во Казнено-поправната установа „Затвор“ – Охрид.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Алберт Муслиу, политички аналитичар
-
Препорака до осигурителните компании - утре да ги вратат старите цени на полисите
-
За прв пат формирано национално студентско тело: Што во пракса ќе им овозможи на македонските студенти?
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест