ВМРО-ДПМНЕ: Власта е делегитимирана и се одржува вештачки на апарати
Не само анкетите, туку и секојдневното незадоволство на граѓаните од лошите политики на оваа власт, покажуваат дека во Македонија мора да се случат промени.
Власта на СДСМ и ДУИ е делегитимирана и се одржува вештачки на апарати, но штетните последици од нивното владеење се се поголеми. Инфлацијата од почетокот на годината е околу 7%, што е далеку поголема од зголемувањето на платите и пензиите. Над 35% од граѓаните живеат во ризик од сиромаштија, а растот на економијата ни е најнизок во споредба со сите земји од регионот.
Затоа поддршката за ВМРО-ДПМНЕ е двојно поголема на анкетите во споредба со поддршката за СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ има поддршка од 18,2%, а СДСМ од 9,5% и оваа разлика уште повеќе ќе расте, бидејќи народот гледа дека има работа со криминогена и неспособна власт која наместо за граѓаните, работи за свое лично богатење.
Ново на Сител
-
Едно лице задржано во полиција по убиството во Тетово
-
Почна посетата на Вашингтон на владината делегација предводена од Мицкоски
-
Фрчковски повикан на консултации во МНР
-
Симовски: Бројките од пописот во Албанија се резултат на интензивна бугарска пропаганда
-
Засилени полициски контроли на најфреквентните места
-
Фестивалски викенд во Кратово „Златни денови 2024”
-
Аутдор фестивал „When in Krusevo“ по 8-ми пат
-
Преглед на вестите од светот