ВМРО-ДПМНЕ: Тутунот останува неоткупен
Додека Заев се вози со мотори од 30 илјади евра, тутунарите измамени поради неоткупениот тутун најавуваат протести, Заев дозволи увоз на тутун. Заев причини тутунска криза. Тутунот останува неоткупен. Постои сериозна опасност огромни количини тутун воопшто и да не може да се продадат.
1 килограм тутун, се продава по цена од 1 кутија цигари. Мизеријата која ја живеат тутунарите е заради Зоран Заев, кој дозволи увоз на тутун и со тоа ја намали цената на домашниот тутун.
Со месеци владата ги лаже тутунарите. Заев не сака да најде решение за проблемот на тутунарите. Да сакаше Заев решение во корист на тутунарите немаше воопшто да дозволи увоз, и ќе седнеше со откупувачите уште од пролетта, кога за првпат алармиравме дека ќе дојде до проблем при откупот.
Сега останува само едно решение кое ВМРО-ДПМНЕ го предложи, 100% зголемување на субвенцијата за килограм предаден тутун. Се друго ќе биде замачкување на очи и лажење на тутунарите. Затоа и тутунарите најавуваат протест зошто гледаат дека Заев лаже!
Ново на Сител
-
Штип под снежна покривка од 35 сантиметри
-
Гаши вели дека завршил со Даути, за нејзино разрешување надлежен бил друг
-
Менкиновски: Македонците со фиктивни адреси во Бугарија ќе ги задржат државјанствата, но ќе платат парична казна
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија
-
Црн чад секојдневно се шири од палење на отпад во кругот на „Ранка Милановиќ“
-
Секоја втора сметка за вода во Гевгелија не е наплатена
-
Пуштена во употреба експресната делница Градско – Дреново
-
Протест на вработените во дел од државните институции, бараат повисоки плати