ВМРО-ДПМНЕ: Секогаш кога СДСМ е на власт има деструкција на државата
ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека на парламентарните избори на 11 декември народот се спротивставил на, како што истакнува, коалицијата на СДСМ со криминалот.
- Одговорност за криминалот ќе има, а заслужената казна ќе следи. Нема да може да помогне ниту Катица Јанева, ниту Специјалното јавно обвинителство, наведува ВМРО-ДПМНЕ.
Оценува дека „секогаш кога СДСМ ќе ја дограби власта или некоја функција, тоа значи уништување на институциите и деструкција на државата“, а тоа, како што посочува, го потврдила и ЦИА.
Пренесувајќи тврдења за вклученост на функционери на СДСМ во шверц со нафта нагласува дека тоа е единствениот начин на работење во СДСМ.
- Затоа Зоран Заев беше аболициран од Црвенковски за криминал тежок 8 милиони евра во случајот Глобал. Аболицираниот Зоран Заев ја сфати пораката од Црвенковски и продолжи со традицијата. Рекетираше бизнисмени и го надгради системот воведувајќи нова пракса во Струмица каде што СДСМ е на власт по принципот „едно евро за Вицето”, стои во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ додава дека СДСМ минатата година имаше министри во два ресора и заменици во уште три, но оти освен скандали и афери, не реализирале ниту еден проект кој ќе го подобри стандардот на граѓаните.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Извлечено четвртото тело од Вардар, наредена обдукција
-
Александар Камбовски е нов претседател на Судскиот совет
-
Спречен организиран криминал со половни возила, поднесени 24 кривични пријави
-
ОЈО Битола ќе истражува за мртвата мечка - Сашо Данго нема дозвола за оружје
-
Затворен мостот на Вардар кај Башино село во Велес
-
МОН денеска ќе ги префрли 120-те милиони денари на ЈСП за бесплатен превоз на студентите
-
Ќе растат платите во Здравството