Македонија
23. February 2024 - 12:31

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ да гласаат за продолжување на рокот на пасошите

Пратениците на СДС и ДУИ имаат шанса колку толку, да ја исправат својата грешка со пасошите и малтретирањето на целиот народ, затоа треба да се одважат и да гласаат за продолжување на нивната важност, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ утрово.

„Граѓаните ги затворија во својата држава, направија отворен затвор од Македонија. Делеа пасоши свесно две и пол години, иако знаеле дека важноста ќе помине, пред истекот на датумот впишан на самите исправи.

Народот доста веќе истрпе и доста беше омаловажуван од власта, сега е време да им се помогне на граѓаните. Треба барем 15 чесни пратеници од власта да има, кои ќе му помогнат на својот народ и ќе ги спасат од оваа неправда, заедно со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, да го изгласаат законот, за продолжување на важноста на пасошите“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.