Македонија
13. July 2017 - 12:41

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите да го расчистат вандализмот во Љуботен

ВМРО-ДПМНЕ денеска ги повика надлежните институции и министерот Оливер Спасовски веднаш да го расветлат случајот со вандалското уништување на 30-тина православни гробови во Љуботен и виновниците да ги изведат пред лицето на правдата. 

- МВР трет ден нема приведено ниту откриено ниту едно лице од оние кои на кукавички начин сквернавеа гробови во Љуботен. Овој подол чин предизвикува страв и нервоза кај населението. Оливер Спасовски и МВР упорно молчат, што го отвора прашањето дали намерно ги кријат сторителите. Виновниците за овој чин не се откриени, што говори дека или МВР нестручно и непрофесионално ја врши работата или тенденциозно дозволува ваквите инциденти да се повторуваат со цел да се крене поголема тензија меѓу граѓаните, изјави Дејан Митровски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој смета дека ваквите провокации може да предизвикаат конфликти кои ја дефокусираат јавноста од сериозни политички процеси што се одвиваат во Македонија, а се однесуваат на идентитетските прашања поврзани со македонскиот народ, македонскиот јазик и македонската историја.