ВМРО-ДПМНЕ: И после 17 години во СДС ништо не се променило, единствено важни им се бизнис зделките
И после 17 години во СДС ништо не се променило, единствено важни им се бизнис зделките и милионите, Ковачевски ги продолжува криминалиите на тогашната коалиција СДС-ДУИ, концесијата за рудник во Иловица е од нивно време
Владата на СДС и ДУИ уште во 2006година го потпишала договорот за концесија за отварање на рудник и ископ на минерални суровини во локалитетот Иловица.
Истиот договор е потпишан од Фатмир Бесими со претходна одлука на Владата на СДС и ДУИ за давање на Концесија од 25 април 2006 година, кој тогаш бил министер за економија.
Сега после цели 17 години, Димитар Ковачевски ги продолжува криминалиите на тогашната коалиција СДС-ДУИ.
Спојувањето на концесијата за ископ на бакар и злато во Иловица е спротивно на волјата на граѓаните ид струмичко.
Но, Ковачевски ги исполнува барањата на неговиот шеф Али Ахмети и ДУИ, бидејќи лицето кое е блиско до ДУИ, Назиф Дестани сака да профитира милионски суми на пари.
Дополнително, врв на лицимерието е што и министрите на Ковачевски велат дека министрепт за економија од ДУИ, Крешник Бектеши ги излажал и затоа гласале на владина седница одлука за спојување на концесиите за отварање на рудник за ископ на бакар и злато во Иловица.
Доколку беа излажани до сега истите требаше во најмала рака да си поднесат оставка и да бараат оставка и одговорност од Бектеши.
Бизнис интересите на ДУИ поддржани од СДС и Ковачевски стигнаа и до источниот регион.
Во СДС ништо не се променило, и тогаш и сега единствено важни им се бизнис зделките и милионите.
Му порачуваме на Ковачевски наместо да се пењави по телевизии и да дава изјави дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја дала концесијата, прво нека се информира и нека бара одговорност од ДУИ.
Ковачевски работи на штета на здравјето на граѓаните и против нивните интереси.
СДС и ДУИ набрзо ќе заминат во длабока опозиција, а Ковачевски и Ахмети ќе одговараат.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Честитка од Минчев по повод Бадник: Солидарноста и поддршката се темел на нашето општество
-
Бројот на жртви од нападот на Божиќниот пазар во Магдебург се искачи на шест
-
Опожарено возило на новинарка од Охрид
-
Повеќе од 2.000 универзитетски професори во Србија ги поддржаа студентите кои протестираат
-
Руските сили нападнаа воени аеродроми и магацини за оружје во Украина
-
Маж вооружен со нож се обиде да влезе во зграда на белгиската Влада
-
Приведено лице од Гостивар за издржување затворска казна
-
Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда