Македонија
24. April 2023 - 14:37

Со највисоки државни и воени почести Петровска ја пречека австриската министерка за одбрана Танер

Со церемонија за пречек со највисоки државни и воени почести, министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Скопје ја пречека нејзината австриска колешка Клаудија Танер, која е во официјална посета на земјава.

Како што соопшти Министерството за одбрана, по пречекот, Танер се потпиша во книгата на впечатоци во Министерството за одбрана, по што двете министерки одржаа тет-а-тет средба. По средабата се одржа и состанок на двете делегации.

- Тема на разговор на средбата е одбранбената соработка помеѓу Австрија и Северна Македонија и можностите за нејзиното продлабочување, прашањето за европската интеграција на Западен Балкан, како и актуелните безбедносни случувања и ситуација во регионот, се посочува во соопштението од Министерството за одбрана.