Партиите се скараа чиј е патот Страцин - Крива Паланка?
Кој го почна, кој го блокираше, кој го изгради навистина, дали некој лаже или некој е неработник...
Не стивнуваат меѓусебните партиски препукувања на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за екпресниот пат Страцин – Крива Паланка кој вчера и официјално беше пуштен во употреба.
Од опозициската СДСМ, откако вчера го поздравија пуштањето на патот, но со нагласување дека тој е направен во нивно време, денеска бараат извинување од Мицкоски и владејачката ВМРО-ДПМНЕ за тоа што излажале дека патот е резултат на нивнотот владеење. Како доказ дека патот е почнат во 2018 година, а асфлат ставен уште во 2023 се повикуваат на фејсбук страницата на ЈП Државни патишта во 2023.
- Китењето со туѓи перја е, едно но ова патолошко лажење на ДПМНЕ зборува за нив и покажува колку се неспособни па мора да измислуваат дека нешто направиле. За експресниот пат Страцин – Крива Паланка ДПМНЕ само пресече лента и направи неколку стотина метри асфалт и ништо друго. А како опозиција го блокираше проектот во Собранието.
Од ВМРО-ДПМНЕ со сосема обратна реторика: СДСМ ги искривува фактите и дека нивната влада го направила патот за 6 месеци. Како доказ се шповикуваат на видео снимка од состојбата на патот на 1 јули 2024 година, пред смената на власта.
- „Со години СДС не можеше да го направи патот, исто како што не го направи ниту Градско - Фариш, ниту пак автопатот Кичево - Охрид. За 6 месеци владата на ВМРО-ДПМНЕ со напорна работа на терен ги заврши работите на патот Крива Паланка - Страцин и го пушти во употреба. Нема повеќе застој на инфраструктурните проекти, се работи забрзано и Македонија се поврзува со брзо темпо.
За комуниколозите ваквото меѓусебно партиско препукување за инфраструктурен проект платен со народни пари е недозволиво.
Експресниот пат од 25,5 км вчера беше пуштен во употреба во присуство на премиерот Мицкоски, министерот за транспорт Николоски и директорот на државни патишта Коце Трајановски, но и во присуство на стотици граѓани.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар