ВМРО-ДПМНЕ: Филипче мора да си даде оставка, зошто Македонија нема повеќе животи за губење
Шверцерското ноќно објавување на бројот на починати и новозаразени нема да ја намали одговорноста и неспособноста на гробарскиот тандем Заев Филипче.
Секој ден е нов пик на новозаразени, и секој ден губиме по десетина наши сограѓани заради неспособноста на Филипче.
Македонија е на врвот на листата на смртност во регионот, затоа што Филипче е неспособен. Пациентите чекаат и по неколку дена за тестирање, а потоа уште неколку дена за резултати. Додека да стигнат во болница, состојбата им е веќе комплицирана, и често завршуваат фатално, дури и млади луѓе.
Филипче треба да си даде оставка порадо тоа што:
- Здравствениот систем не функционира и луѓе умираат или по ходнкците молњјќи за помош или на пат кон болниците.
- Министерот Филипче имаше десет месеци да се подготви за новиот бран, но тој не направи ништо за да обезбедо минимална подготовка на капацитетите.
- Секојдневно се лажираат бројки на заразени и се кријат починати.
- Тестирањето на КОВИД заразените се претвори во милионаки бизнис додека за функционерите на власта тоа е бесплатно.
Филипче мора да понесе одговорност, за сите задоцнети реакции и изгубени животи.
Филипче не направи ништо за да го смени пристапот и да спаси живот повеќе.
А како би направил нешто за граѓаните, кога е зафатен со правење пародични видеа, кои само нему му се смешни?!
Или пак да не тераше кампања со Заев летото и да си ја работеше работата можеби сега ќе имавме доволно болнички капацитети и медицински персонал. Но тој се стави во позиција на политичар, а не на лекар.
И додека Филипче е политичар во обид Македонија губи. Македонија нема повеќе животи за губење. Филипче или Живот. Оставка веднаш!
Ново на Сител
-
Постигнат е договор: Дополнителни 6 денари по килограм оризова арпа
-
Штип под снежна покривка од 35 сантиметри
-
Гаши вели дека завршил со Даути, за нејзино разрешување надлежен бил друг
-
Менкиновски: Македонците со фиктивни адреси во Бугарија ќе ги задржат државјанствата, но ќе платат парична казна
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија
-
Црн чад секојдневно се шири од палење на отпад во кругот на „Ранка Милановиќ“
-
Секоја втора сметка за вода во Гевгелија не е наплатена
-
Пуштена во употреба експресната делница Градско – Дреново