ВМРО-ДПМНЕ бара одговори од Спасовски за аферата со личните карти
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение го обвини министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дека на денешната прес-конференција не сакал да одговори на прашањата дали тој е на сликите со криминалците кои стојат зад, како што велат,„Фабриката за афери“ на СДСМ.
- Господине Спасовски, за што разговаравте со Захир Бекири Чауш и Аднан Сума, прво и третоосомничени во „Фабриката за афери“ на СДСМ? Дали како генерален секретар, Вие договоривте сопругата на Чауш да биде вработена во партиската фирма „Паркинзи“ на општина Центар од страна на претседателот на Општинската организација на СДСМ, Саша Богдановиќ, прашува ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.
Владејачката партија прашува и зошто Спасовски барал истрагата да не се одвива брзо и дали вечерта при приведувањето контактирал со осомничените и зошто барал увид во доказниот материјал.
- Денешната нервозна и конфузна прес-конференција на Оливер Спасовски беше алиби изјава во стилот злосторникот на местото на злосторот, се наведува во соопштението.
Според ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата на Чаушот и Заев која јавноста ја виде потврдува дека СДСМ соработува со криминална групација, што ги прави еднаква на нив.
- Постојат сериозни индиции дека СДСМ учествувале во фабрикување на афери исто како што постојат сериозни информации и основи за сомнение дека нелегално прибавени телефонски разговори од граѓаните ги дале на криминалци со тапија, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Аерозагадувањето треба да се следи и во лето
-
ЈП „Исар“ – Штип во првите 6 месеци од годината со загуба од 4,8 милиони денари
-
Почнува фестивалот „Ристо Шишков“ во Струмица
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Трајан Ангелоски, претседател на Сојуз на стопански комори
-
Ќе обезбеди ли власта мнозинство за да спречи предвремени локални избори
-
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче пријавил поголем имот како пратеник, отколку кога бил министер
-
Се проширува пожарот во Мариово, два ер-трактори и полициски хеликоптери се неисправни