Македонија
8. September 2024 - 16:31

Почнува фестивалот „Ристо Шишков“ во Струмица

Претставата ,, Црна дупка,, на театарот Антон Панов од Струмица вечерва ќе го означи почетокот на 32 то издание на фестивалот на камерен театар Ристо Шишков. За единствената награда за високо актерско остварување кое го носи името на патронот на фестивалот  годинава конкурираат  околу 45 актери од Македонија и соседна Бугарија.

Традиционално, сите актерски остварувања ќе ги оценува тричлена жири комисија која годинава ја сочинуваат  професорката Ана Стојановска, режисерот Александар Ивановски предводени од минатогодишниот лауреат на фестивалот Јордан Симонов.

Фестивалската програма која 32 години започнува на денот на независноста на Македонија ќе трае шест дена. Освен освен осумте претстави од официјланата програма предвидени се и неколку дополнителни содржини. Најдобриот актер ќе добие златен медаљон со ликот на Ристо Шишков и париЧен износ од 1500 евра.