Влада: Не е именуван в.д. заменик на директор на КПД Идризово
Владата денеска соопшти дека не е именуван в.д. заменик на директор на КПД Идризово и бара СДСМ да не шири дезинформации во јавноста.
-Постоеше таков предлог за именување на в.д. заменик на директор на КПД Идризово, но по направените дополнителни проверки тој не е прифатен, велат од Владата.
Додаваат дека лицето кое СДСМ го посочил на прес-конференција нема да стапи на функција, и ќе има ново именување на позицијата на следната седница на Влада.
-Во однос на директорот на затворот во Прилеп за секој поединец има пресумпција на невиност, постоењето на кривична пријава без пресуда која е правосилна не е гаранција за сторено кривично дело, се вели во денешното соопштение од владината прес-служба.
Од Владата апелираат СДСМ да не шпекулира и да ја дезинформира јавноста.
Претходно денеска СДСМ на прес-конференција тврдеше дека осуден криминалец кој лежел 4 години затвор е именуван за в.д. директор на затворот Идризово, одделение Велес, како и дека лице кое има кривична пријава за „несовесно работење„ е именувано за в.д. директор на затворот во Прилеп.
Ново на Сител
-
Почнува фестивалот „Ристо Шишков“ во Струмица
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Трајан Ангелоски, претседател на Сојуз на стопански комори
-
Ќе обезбеди ли власта мнозинство за да спречи предвремени локални избори
-
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче пријавил поголем имот како пратеник, отколку кога бил министер
-
Се проширува пожарот во Мариово, два ер-трактори и полициски хеликоптери се неисправни
-
Ќе се замрзнуваат цените на производите ако трговците не ги поевтинат
-
Ниска цена за експропријација на земјоделско земјиште за новиот автопат Прилеп - Битола