-->
-->
(ВИДЕО) Шифрин ја продолжува доминацијата во слалом
-->
Американката Михаела Шифрин уште еднаш потврди дека е убедливо најдобра алпска скијачка кога во прашање се техничките дисциплини.
Откако во вторникот и во средата славеше во велеслалом трката, од Светскиот куп кои се одржаа во австрискиот ски-центар Семеринг, Шифрин синоќа победи и во слаломската трка на истата патека.
Американката имаше најдобри времиња во двете трки, па на крајот заскужено го освои првото место пред Вероника Велез Зузулова од Словачка која заостана 64.стотинки, односно трето пласираната Венди Холденер од Австрија која имаше 1,54 секунди послаб резултат од Шифрин.
За 21 годишната Американка ова беше четврта нејзина победа во слалом трките оваа сезона инаку 15-та последователна победа во оваа дисциплина. Победничката серија во слалом Шифрин ја започна во на 14 февруари 2015 година на Светското првенство во Бевер Крик, САД, каде го освои златниот медал.
Таа е водечка скијачка во севкупниот Генерален пласман со вкупно 698 бодови, пред Лара Гат од Швајцарија со 583 и Словенката, Илка Штухец кој досега собра 495 бодови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски - Макрон
-
Квалитетот на високото образование зависи само од политичката волја во државата
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
Преглед на вестите од светот
-
Орбан домаќин на европските лидери – Мора да се прилагодиме на новата реалност по победата на Трамп
-
Кос бара уставни измени
-
Камала Харис го призна поразот: Веќе се „крчка“ кабинетот на Трамп
-
Опозицијата се уште зборува за предвремени избори