Фудбал
6. November 2017 - 16:40

Вест Хем го отпушти Билиќ, доаѓа Мојс

Англискиот премиерлигаш Вест Хем му врачи отказ на менаџерот Славен Билиќ поради слабите резултати во првенството. 

Лондонскиот тим се наоѓа во зоната на испаѓање а разделбата доаѓа по поразот од Ливерпул од 4-1. 
Медиумите на островот веднаш објавија дека интерес да го наследи пројавил Дејвид Мојс кој најави дека доколку не најде работа во некој клуб ќе преговара за селекторската функција на Шкотска.