Алијанса на пациентски орг. - лекови за онколошки болни што поскоро и вкл. на алијансата при носење на здрав. политики
Кога ќе заврши голготата на болните од рак? Претставници на здружението на онколошки пациенти денеска и лично од Таравари побарале што поскоро да ги има лековите кои се дефицитарни но и дел од нив да се најдат на позитивната листа. Во меѓувреме, повеќе од 300 лица кои повеќе од осум дена се без терапија чекаат да бидат реализирани анексите на постоечките договори и да бидат обезбедени донации од производители како што најавија од Фондот за здравство за покривање на постоечкиот дефицит.
-Ќе апелираме до надлежните што е можно побрзо да се затвори ова прашање, и побрзо од оние десет дена што ги најавија. Затоа што многу пациенти на Онкологија имаат потреба од оваа терапија а и знаеме што значи за овие пациенти ако редовно не ја земаат. Ќе ги замолам МЗ и Фондот во иднина при носење на здравствени политики да вклучуваат и пациентски организации, вели Милан Мишковиќ, претседател на Алијанса на пациентски организации.
Во моментот недостасуваат 6 лека на Онкологија и овој дефицит е од крајот на минатата недела. Големиот број на пациенти но и преминот од една во друга финанска година според надлежните е причина за ваквата состојба. Според ВМРО-ДПМНЕ, пак, била креирана вештачка криза и побараа од обвинителството да отвори истрага. Од ЈОРМ одговорија дека ќе постапат кога здравствените власти ќе констатираат дека недостигот е поради незаконско работење.
-Доколку Фондот за здравствено осигурување или друг надлежен орган констатира и извести дека причината за недостигот на терапија на Клиниката за онкологија или друга здравствена установа е резултат на непреземени дејствија од одредено службено или одговорно лице кое имало законска обврска да ги преземе или на злоупотреба од друг вид, Јавното обвинителство веднаш ќе постапи и ќе оформи предмет, одговорија од ЈОРМ.
Онколошките пациенти чекаат терапија, Обвинителството го чека вештиот наод од Словенија за да го финишира ланскиот скандал на Онкологија а политичките партии продолжуваат со обвинувања кој е крив за случувањата.
-Мафијата на смртта поддржана од Филипче за 3 години земала 35 милиони евра тендери само од Онкологија.
Деновиве сме сведоци на вештачки искреирана криза на Онкологија токму од главното протеже на таа мафија, кој е во блиски релации со Венко Филипче.
Ова се трговци со животи и души на луѓе и мора најостро да бидат санкционирани. Не смее да дозволиме оваа мафија на смртта да печали на грбот на народот, а особено не на болните од рак, кои секоја секунда живот повеќе им ја должат на лекарствата со кои оваа мафија тргува, изјави Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.
Факт е дека не си ја завршиле работата за којашто се платени. Не бил преземен содветен план за навремена набавка на лековите, не бил направен систем, не бил направен регистар и животите на онколошките пациенти се доведени во опасност.
Ова што се случува едноставно не нормално. Не може Владата да купива авион од стотина милиони евра а решението за лекови на Онклогија го бара преку донации.
Ги повикуваме директорите на Клиниката, директорот на Фондот за здравствено осигувње, Сашко Клековски и министерот Тараври да си поднесат оставки и со тоа да покажат одговорност, изјави Белкиса Зеќири, СДСМ.
Инаку, според најавитер од Фондот и Министерството за здравство, наредната недела ќе ја има дефицитарната терапија.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар