Слот: Прерано е да се каже дека Ливерпул е најдобриот тим во светот

Арне Слот не верува дека е дојден време да се зборува за неговиот Ливерпул како најдобар тим во светот.
Едно од прашањата до тренерот на Ливерпул беше поврзано со комплиментот на Томас Франк кој рече дека Ливерпул е најдобриот тим на светот.
- Неговото мислење е важно за мене лично бидејќи тој направи многу добри работи во Брентфорд низ годините. Но, мислам дека ми е рано да кажувам такви работи. Имаме уште многу натпревари, рече Слот.
Според него, форматот на Лигата на шампионите е комплициран оваа година и пласманот на тимовите не го одразува нивниот квалитет.
- Што можеме да прочитаме од табелата? Секој тим играше со различни ривали, може да имате среќа или не. Ако го гледате Пари Сен Жермен секоја недела, мислам дека ги имаат најтешките натпревари и мислам дека се премногу ниско на табелата за квалитетот што го имаат, додаде Холанѓанецот.
Ливерпул победи на сите досегашни шест натпревари во Лигата на шампионите, а бод против Лил ќе стави крај на сите сомнежи за пласман во следната рунда, доколку и сега ги има.
Ливерпул во вторник го пречекува Лил, мечот на „Енфилд“ започнува во 21 часот.
Ново на Сител
-

Студија: Без поголеми инвестиции за климата, германскиот долг може нагло да порасне
-

САД евакуира дел од несуштинскиот персонал од Саудиска Арабија поради безбедносни ризици
-

Израел нападна командни центри поврзани со иранските безбедносни сили
-

Експлозија оштети синагога во белгискиот град Лиеж
-

Србија го запре извозот на горива до 19 март
-

Водата во Скопје безбедна за пиење, покажува неделниот извештај на ЈП Водовод и канализација
-

Приведена 30-годишна жена по пукање врз луксузната вила на Ријана во Лос Анџелес
-

Г7 свикува итен состанок за нафтата по падот на берзите
