Венецуела ја затвори границата со Колумбија за да се „уништи мафијата“
Владата на Венецуела одлучи да ја затвори својата граница со Колумбија на 72 часа, со цел „да се уништи мафијата“, соопшти венецуелскиот претседател Николас Мадуро.
- Мораме да ја уништиме мафијата, пред таа да ја уништи земјата и нејзината економија, изјави синоќа Мадуро во обраќањето преку државната телевизија, обвинувајќи ја „мафијата“ за правење голем профит од шверцот на субвенционирани производи во соседна Колумбија.
Ова е најнова мерка на левичарската Влада во Каракас против домашната мафија, која оперира во пограничната зона од двете страни на границата, наштетувајќи и на венецуелската економија која се наоѓа пред целосен колапс и банкрот.
Многу производи што властите во Венецуела ги субвенционираат во рамките на популистичката политика на претседатлот Мадуро за добивање поддршка од најсиромашните слоеви на населението, како што се дизел горивото и бензинот, се продаваат во Колумбија и притоа , шверцерите остварува висок профит.
Во неделата, Мадуро соопшти дека се повлекува од оптек банкнотата од 100 боливари, која е најупотребувана, за да се замени со монета од истата вредност, во обид да се запре одливот на средства во соседството.
Се верува дека шверцерите располагаат со 300 милијарди боливари, што предиизвикува сериозни проблеми во венецуелскиот банкарски систем.
Во 2015 година, Мадуро нареди затворање на границата со Колумбија, но во текот на оваа година таа повремено беше отворана, за да можат Венецуелците да се снабдат со основните прехранбени производи и продукти за домаќинствата, какои лекови, кои во Венецуела ги нема, затоа што државата нема пари за нивна набавка.
Сегашното затворање на три дена е со цел властите да обезбедат време за повлекување од оптек на сите банкноти од 100 боливари, кои по тој период од 72 часа повеќе нема да важат.
Ново на Сител
-
Скопје утрово втор најзагаден град во светот – Ќе преземат ли советниците чекори за решавање на проблемот?
-
Во Струмица повторно активиран прагот на алармирање за загадениот воздух
-
Мехмедовиќ: ХМПВ не е нов вирус и нема потреба за загриженост
-
Груби доби отказ од тетовскиот државен универзитет
-
Интерпелациите во петок на седница, Мицкоски вели нема да успеат
-
ДУИ со стара реторика – Ќе го бранат албанскиот јазик со сите можни механизми
-
ДЗС: 3,5% инфлација во 2024 година
-
Штрајк на вработените во државното правобранителство