Вархели: Пристапните преговори со Скопје и Тирана да почнат напролет
Комесарот за проширување, Оливер Вархели рече дека пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија треба да почнат напролет. Изјавата ја даде откако пристигна на состанок на Советот на ЕУ на ниво на министри за надворешни работи во Брисел.
– Денеска имавме работен појадок со министрите за надворешни работи на Албанија и на Северна Македонија. Дискусијата беше многу позитивна и јас сум сигурен дека можеме поправиме да ја грешката и да почнеме преговорите напролет, рече комесарот Вархели.
Дебатата, како што нагласи, била охрабрувачка. – Изгледа дека ќе можеме да одиме напред и да ја исправиме грешката направена во октомври. Треба да ги започнеме преговорите за пристап со двете држави напролет, рече Вархели.
На 15 октомври министрите за надворешни работи на ЕУ не успеаја да се договорат за започнување преговори со двете држави поради приговори од Франција, Холандија и Данска. Подоцна прашањето беше покренато на Самитот на ЕУ на 17 октомври, но не беше постигнат консензус и тогаш. Преговорите со Албанија и Северна Македонија ќе бидат исто така на агендата на Советот на Европа ЕУ во април.
Франција услови понатамошни чекори во процесот на пристапување во ЕУ, со реформа на самиот процес.
Ново на Сител
-
Протест на вработените во дел од државните институции, бараат повисоки плати
-
Приватните специјализанти се уште чекаат на ветените вработувања
-
Коцевски: Приоритетите за предмети за корупција не се под влијание на власта или опозицијата
-
Судијка од Велес фалсификувала пресуда
-
Се слави Стара Нова година
-
Традиционални странчинарски игри во селото Мокриево под Беласица
-
Преглед на вестите од светот
-
Се затвори завесата на Вевчанскиот карневал