Македонија
14. January 2025 - 16:42

Традиционални странчинарски игри во селото Мокриево под Беласица

Голем број маскирани лица и силно тропање на тешките ѕвонци. Оваа беше сликата со која денеска се разбуди подбеласичкото село Мокриево. Првиот ден од новата година по стариот календар овде е резервиран за странчинарските игри, традиција стара повеќе векови. Преданието вели  дека за време на некрстените денови странчинарите имаат моќ да ги истераат сите зли сили и да обезбедат среќа и бериќет за новата година.Централен дел на манифестацијата е ритуалот на пиење ракија од ѕвонците на странчинарите. Се верува дека таа им помага на децата кои имаат проблем со зборувањето.

Градоначалникот на Ново Село Ѓорѓе Божинов,  вели дека игрите претставуваат важен белег за традицијата и културното наследство на регионот и се значајни за равој на туризмот.

Годинава на странчинарските игри учествуваа околу триесетина максирани групи од целата држва, но и гости од соседна Бугарија. Манифестацијата заврши со традициналниот заеднички ручек за кој беа подготвени околу 200 килограми качамак и исто толку домашни колбаси.