Македонија
14. January 2025 - 16:46

Судијка од Велес фалсификувала пресуда

Судијка од Велес ќе одговара кривично за фалц судска пресуда. Обвинтиелството ја гони бидејќи на брачен пар од Велес, сопственици на ланец аптеки, надвор од сите законски процедури му овомзожила да стане сопственик на деловен простор во истиот град. 

Според информациите кои ги сподели обвинителството, таа прво пресудила во корист на брачниот пар а потоа, без да ги почитува законските рокови и правото на жалба пресудата веднаш ја направила правосилна. Таа отишла и чекор подалеку носејќи решение со кое трошоците на постапката ги префрлила на другата страна во овој процес иако не бил изминат ниту рокот за жалба.

„Иако пресудата не била правосилна и извршна, а тужените навреме изјавиле жалби, судијката поттикната со умисла од сообвинетите, ја заверила со службен печат за правосилност и извршност со што свесно внела невистинит податок во службената исправа. Ваквата службена исправа со невистинита содржина таа ја дала на рака на управителката на правното лице, наместо преку судска достава“ – се вели во соопштението на Обвинителството

За да го прикрие делото, како што објаснува обвинителството судијката која сега веќе е разрешена почнала да уништува службена документација. 

Покрај неа, кривична одговорност обвинителството ќе бара и од брачниот пар кој го товари дека го поттикнал кривичното дело.