-->
-->
Вардаровите јуниорки оптимистички ќе го пречекаат Карпати во дуелот од Челенџ Купот
-->
Со многу оптимизам и самодоверба младите ракометарки на Вардар Јуниор го очекуваат дуелот од четвртфиналето во ЕХФ Челенџ купот против украинската екипа Карпати.
Самиот пласман на вардаровите јуниорки меѓу осумте најдобри претставува голем успех, но да се оди чекор подалеку претставува уште поголем предизвик, изјави тренерот Симе Симовски на денешната прес конференција.
- Знаеме дека ќе биде многу тешко во дуелот со искусната украинска екипа која на убедлив начин стигна до четвртфиналето. Ние сме млад тим, желен за докажување и ќе сториме се да направиме исчекор повеќе од овој пласман во четвртфиналето. Овие млади ракометарки заслужуваат и поголема поддршка од гледачите, па затоа во оваа прилика ги повикувам да не бодрат од трибините, изјави тренерот Симовски.
Екипата се комплетира, веќе трет ден тренираат сите ракометарки кои беа повредени, со исклучок на Ангела Тодоровска за која сезоната е завршена. Сепак, ниту тоа не го нарушува духот на девојките.
- Атмосферата во екипата е одлична, ќе се залагаме максимално, ќе се бориме за секоја топка и ќе го оставиме срцето на терен за оваа млада екипа да постигне историски успех и да отиде што подалеку во Челинџ купо, изјави капитенот Маја Трпковска.
Првиот натпревар од четвртфиналето меѓу Вардар Јуниор и Карпати ќе се одигра во понеделник (22 февруари) во СЦ „Јане Сандански“, со почеток од 18 часот и 30 минути.
Реваншот е закажан за 28 февруари во 17:00 во Ужхоро. Победникот од овој двомеч во полуфиналето ќе се соочи со подобриот од дуелот на турскиот Костамону и холандски Вирто.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата
-
Рокас бара уставни измени, власта и опозицијата подготвени за реформи
-
Македонија е подготвена за преговори со ЕУ – порака од меѓународната Паневропска унија
-
Со фалц документи тргувале со нафта на големо
-
Обвинение за членови на група за проституција и дрога, вмешан и полицаец
-
Матичните лекари бележат зголемен број на болни од грип и други респираторни инфекции