Утрово најстудено во Берово, измерени -6 степени
Најниска температура од минус шест степени утрово е измерена во Берово, а највисока од 3 степени Целзиусови во Велес и Виница.
УХМР информира дека -5 степени Целзиусови се измерени во Битола, -3 во Струмица, -2 во Демир Капија и Тетово, -1 во Скопје-Петровец, Маврови Анови и Штип, 0 во Прилеп и Попова Шапка, 1 во Крива Паланка, Кавадарци и Скопје-Зајчев Рид, и 2 во Претор, Охрид и Крушево.
Во текот на ноќта и изутринава од север и исток се прошири умерена променлива облачност, а утринава поголема облачност има од централните кон западните делови од земјата. На некои места дува слаб претежно северозападен ветер.
Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно и постудено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје променливо облачно и постудено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 13 степени.
Ново на Сител
-
Низ патарините лани поминале 62.662.988 возила, ЈПДП со приход од над 66.5 милиони евра
-
Уапсен кичевчанец, пренесувал мигранти од Кина
-
Прва крводарителска акција во 2025 година во Делчево
-
Трамп: САД се катастрофа, „смешка“ во очите на светот
-
Девојче е првото родено бебе во Куманово
-
САД ги разгледуваат правилата за ограничување или забрана на кинеските дронови
-
Македонски државјанин пронајден мртов во Италија
-
Утре седница на собраниската Комисија за избори и именувања, на 10 јануари пленарна седница