Трамп: САД се катастрофа, „смешка“ во очите на светот
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп остро ја критикуваше актуелната влада во САД, нарекувајќи ја земјата под актуелното раководство „катастрофа“ и „смешка“ во очите на светот.
На платформата Трут сошл, Трамп ја обвини актуелната влада за политика на отворени граници, како и за слабо и неефикасно лидерство, што, како што рече, доведе до сегашната ситуација.
Тој посебно ги критикуваше Министерството за правда, ФБИ и демократите на државно и локално ниво, обвинувајќи ги дека не ја извршуваат својата работа.
Според него, наместо да ги штитат Американците, овие институции се фокусирале на „незаконски напади“ врз него и ги игнорирале заканите и насилството, како однадвор, така и од дома.
„Демократите треба да се срамат од самите себе што дозволија тоа да и се случи на нашата земја“, рече Трамп и предупреди дека ситуацијата е сериозна, поради што, посочува, неопходно е да се вклучи ЦИА „пред да биде предоцна“.
Тој заклучи дека само силата и моќното лидерство можат да ја запрат критичната ситуација во САД. „Се гледаме на 20 јануари.
Да ја направиме Америка повторно голема!“, порача новоизбраниот претседател Трамп на социјалната мрежа, 18 дена пред неговата официјална инаугурација.
Ново на Сител
-
Премиерот Мицкоски и министерот за спорт Ристовски им посакаа среќа на македонските ракометари на СП
-
Намалена видливост поради магла на патот Гајре - Попова Шапка
-
Mојата душа е постара од мене | Ивона Јо | ПРОфесија | Sitel Podcast 077
-
27 годишна девојка паднала од зграда во Скопје и починала
-
Три жени се тепале во скопски Аеродром
-
Фризурата не им се допаѓала на класната и на директорката па ученик плачејќи сам си ја скратил, утврдена дискриминација во Миравци
-
Полицаец, дете и жена пренесени на клиника по пожар во куќа во Скопје
-
Бајден ќе го одликува Меси со претседателскиот Медал на слободата