Утре ќе се објават тајните документи за убиството на Кенеди
Утре се очекува да бидат објавени тајните документи за атентатот врз американскиот претседател Џон Кенеди.
Комисијата која го истражуваше атентатот на 46-годишниот претседател, на 22 ноември 1963 година, заклучи дека го убил поранешниот стрелец на американската морнарица од прва класа Ли Харви Освалд и дека убиството го извршил сам.
Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела на Твитер напиша дека доколку добие „дополнителна информација“ ќе објави илјадници тајни документи од Националниот архив поврзани со атентатот врз 35-от претседател на САД, Џон Кенеди.
- Под услов да добијам дополнителна информација, јас како претседател ќе дозволам да бидат објавени документи за Кенеди, кои долго време беа блокирани и класифицирани, објави Трамп, без да прецизира за каква „дополнителна информација“ мисли.
Електронскиот весник „Политико“, повикувајќи се на извори во американската Администрација, објави дека Трамп најверојатно ќе дозволи објавување на околу 3.100 документи, кои досега не и биле познати на јавноста, како и приближно уште 30.000 други документи, од кои во минатото биле објавувени само делови.
Овие документи се наоѓаат во Националниот архив на САД.
Ново на Сител
-
Априлските пензии зголемени за 2.500 денари, премиерот уверува - ќе растат платите
-
Побегнал од психијатрија и пукал на вработена во Центарот за социјални грижи во Прилеп
-
Протестен марш во Скопје
-
Тема на денот со Саит Саити, Генерален секретар на Црвен крст
-
Преглед на вестите од светот
-
Пукање во Волково - Кираџија го убил газдата, го ранил неговиот син па се самоубил
-
Позитивни вести од болниците
-
Сите училишта и градинки се безбедни, ќе се прават контроли и на сите станбени згради