00:00           
00:00
 
00:00
         
 
 
Свет
24. March 2025 - 19:51

Преглед на вестите од светот

Во саудиска арабија се водат разговори помеѓу американски и руски претставници за  запирање на руските и украинските напади во црното море.  Состанокот се одржува зад затворени врати во хотелот риц карлтон во ријад. Русија во преговорите ја претставуваат шефот на меѓународниот комитет на советот на федерацијата, григориј карасин и советникот на директорот на федералнаат служба за безбедност, сергеј беседа. Американскиот тим е предводен од пратеникот на претседателот доналд трамп во киев, кит келог.  Во истот хотел  е   и укриаинската  делегација, предводена од  министерот за одбрана рустем умеров и тие  први имаа средба  со американците . По завршување на средбата , умеров  разговорите ги опиша како конструктвни и значајни.  Целта на претседателот Володимир зеленски е да обезбедиме мир за нашата земја. Работиме на тоа да ја реализираме таа цел напиша укрианскиот минситер за одбрана на фејсбук. Украинската  делеагација  останува во ријад и најави дека  ќе има дополнителни  разговори со тимот на сад во текот на денешениот ден. . Според информациите, не се закажани средби меѓу руската и украинската делегација.

Десетици илјади луѓе во неколку градови во турција синоќа, четврта ноќ по ред протестираа против апсењето на истакнатиот опозициски политичар екрем имамоглу. Сцените од синоќешните  протести во истанбул,анкара и зимир  беа слични на претходните вечери-   полицијата користеше водени топови, солзавец   и гумени куршуми за да ги растера  демонстратите кои пак возвраќаа со камења и димни бомби.

Турските власти уапсија околу 340 демонстранти и девет новинари, кои известуваа за синоќешните протести. Организатор на протестите е партијата на имамоглу, републиканската народна партија, која тврди дека апсењето на имамаглу е политички мотивирано.   Вчера турското министесртвото за внатрешни работи соопшти дека имамоглу е привремено суспендиран од функцијата  градоначалник на истанбул по апсењето за корупција. Тој од затвор ќе го чека судењето. Имамглу беше приведен во средата, на само неколку дена пред републиканската народна партија  да го именува  за  нејзин  официјален канддиат на престојните  претседателски избори. Сепак синока партија го избра за  престедатеслки канадидат.  Според некои анкети  имамоглу има поголема поддршка од јавноста од претседателот ердоган.  Турската влада негираше какво било влијание врз апсењето на опозиционерот, наведувајќи дека судството е независно а престеделот ердоган ја обвини опозицијата дека со проетстите се обидудува да го наруши мирот.