Уште еден огромен крузер во карантин: Над 1.800 лица на тестирање поради коронавирусот во Хонгконг
Уште еден крузер, „Ворлд дрим“ (World Dream) е под карантин, откако кај тројца патници кои претходно патувале било откриено дека се заразени со коронавирус.
Крузерот пристигнал во Хонгконг откако во вторникот не му бил дозволен влез на тајландското пристаниште Каосиунг и сега се наоѓа во карантин затоа што сите патници и членови на екипажот ќе мора да бидат тестирани.
Едно лице било одвезено во болница со возило на итна помош. Откриено било дека три лица од Кина кои што патувале со “World Dream” од 19-ти до 24-ти февруари биле заразени со смртоносниот вирус.
Најголемиот дел од патниците инаку биле од Хонгконг, а од операторот на бродот соопштија дека тројцата „потврдени“ пациенти го напуштиле бродот во Гвангжу на 24-ти јануари.
Претходно јапонски крузер со над 3,700 патници беше ставен во карантин откако било откриено дека има патник заразен од Корона вирусот, а потоа било потвдено дека се заразени уште десетина патници.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Извлечено четвртото тело од Вардар, наредена обдукција
-
Александар Камбовски е нов претседател на Судскиот совет
-
Спречен организиран криминал со половни возила, поднесени 24 кривични пријави
-
ОЈО Битола ќе истражува за мртвата мечка - Сашо Данго нема дозвола за оружје
-
Затворен мостот на Вардар кај Башино село во Велес
-
МОН денеска ќе ги префрли 120-те милиони денари на ЈСП за бесплатен превоз на студентите
-
Ќе растат платите во Здравството