-->
-->
УНЕСКО: Околу 244 милиони деца не одат на училиште
-->
Организација за образование, наука и култура на ОН (УНЕСКО) соопшти дека загрижува фактот што околу 244 милиони деца во светот не одат на училиште.
– Никој не може да ја прифати оваа ситуација. Образованието е човеково право и ние мора да направиме се за да се погрижиме ова право да се почитува за секое дете, изјави генералната секретарка на УНЕСКО, Одри Азулај.
Од 244 милиони деца на возраст од шест до 18 години кои не одат на училиште, повеќе од 40 отсто или 98 милиони живеат во субсахарска Африка. Најголем дел од нив се во Нигерија (20,2 милиони), Етиопија (10,5 милиони), Демократска Република Конго (5,9 милиони) и Кенија (1,8 милиони).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ќе бараат ли партиите разрешување на првата антикорупционерка?
-
Тема на денот со Александар Пандов, директор на управа за извршување санкции
-
Нема оставка од антикорупционерката
-
Пандов се сомнева дека криминални банди му ја запалиле куќата
-
Вреди станува партија, Касами се споменува за лидер
-
Судиите бараат промена на состојбата во правосудството преку реформи , а не со оставки
-
Зоран Димитриевски, Татјана Дуковска и Маја Маркова избрани за врховни судии
-
Замрзнатите цени и маржи со половичен ефект, смета ССМ