Вреди станува партија, Касами се споменува за лидер
Расколот во Вреди е официјализиран. Меџити, Касами и Ибрахими, како и Ќоку стануваат една партија, без Таравари. Синоќа е направен првиот орган на новиот политички субјект – претседателство, а во наредните денови неколку денови се очекуваат и другите органи како и изборните штабови за лоаклните избори. Нашите информации велат дека лидер на партијата Вреди ќе биде Касами. По состанокот, на кој не присуствуваше Таравари, договорено е и формирање на нова пратеничка група. Неофицијално, нов координатор ќе биде лидерот на Самоопределување - Ќоку.
Засега до собранискиот спикер Гаши нема барање за официјализирање на новата пратеничка група на Вреди. Доколку дојде до делба во пратеничката група Алијанса ќе си формира своја група, велат и Таравари и досегашниот координатор Снопче. Сепак, двајцата со различен став околу тоа дали влада без Алијанса е легитимна или не.
Од вледајачкото мнозинство се уште не се загрижени за ваквите прегрупирања. Велат дека валадината коалиција е стабилна, дури ако остане и без Таравари.
Превирањњата во Вреди почнаа пред еден месец, кога Таравари побара од досегашните коалициски партнери или да добие 6 градончланички кандидати и поголем колач од советничките места за локалните избори, или се закани дека ќе настапува самостојно.
-
Катерина Нешковa
Сите содржини од овој новинар