Македонија
5. December 2017 - 14:18

Украден автомобил во центарот на Скопје

Патничко возило „БМВ“ е украдено вчера околу 20:40 часот на улицата „Аминта Трети“ во Скопје.

Крадецот го искористил невниманието на 31-годишниот сопственик О.М. кој го оставил автомобилот да работи со клуч на бравата и отишол во продавница. 

Незабележан од никого крадецот влегол во автомобилот и избегал. На тој начин се стекнал со противправна имотна корист од околу 900.000 денари.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.