Убиствата што ги врши ИД треба да се третираат како геноцид, сметаат британски пратеници
Повеќе од 60 пратеници од двата дома на британскиот Парламент во писмо до меѓународната јавност побараа сите убиства и злосторствата што ги извршуваат припадниците на џихадиситчката група Исламска држава (ИД) да се третираат како акт на геноцид.
Во писмото, тие го повикуваат британскиот премиер Дејвид Камерон да го искористи своето влијание за да биде постигнат договор со кој ОН да ги третира како геноцид убиствата и насилствата на џихадистите врз етничките и верските малцинства во регионот на Блискиот Исток.
Изминатите години ИД систематски извршува убиства врз припадници на разни малцински групи, вклучувајќи ги и Ирачаните, сириските христијани и јазидите.
Џихадистите освен тоа, спроведуваат и акции за „чистење“ на цели територии, насилно прогонувајќи ги припадниците на малцинските групи од локациите на кои дотогаш живееле.
Во писмото, британските парламентарци велат дека постојат докази за убствата на верски лидери, за масовни егзекуции, тортураи киднапирање за наплата на откупнина на христијани во Сирија и Ирак, како и за сексуално насилство врз христијански девојки и жени.
Пратениците споменуваат и случаи на преминување во исламската религија по принуда, уништување на цркви и манастири и одземање на имот и земјиште на христијаните.
Според конвенцијата на ОН, како геноцид меѓудругото се окавлификува и намерата да се уништи, во целост или делумно, една национална, етничка, расна или религиозна група.
ИД се појави во Сирија како една од бројните исламистички групи на сунитите, заедно со другите вооружени бунтовнички групи, за да се собори од власт претседателот Башар ал Асад, кој и припаѓа на верскатља заеднициа алавите, група блиска до шиитските муслимани.
Во јуни 2014 година ИД прогласи „Исламски Калифат“ на териториите во Сирија и Ирак што беа под нејзина контрола.
Според толкувањето на исламот, Калифат е држава управувана според шеријатско право, од пратеник на Господ на земјата - калиф.
Припадниците на ИД заговараат екстремно толкување на сунитскиот ислам, прогласувајќи се себе си за единствени вистински верници.
Сите другите за нив се „неверници“ кои заговараат „уништување на исламот“, со што се оправдува прогонувањето на другите муслимани (шиитите) и на сите немуслимани.
Ново на Сител
-
Колку се изводливи заканите на Трамп за царини и даноци за трговските партнери?
-
Тема на денот со Иво Рангеловиќ
-
Собранието ги поправи и потврди измените на кои Силјановска стави вето
-
Тик-ток предизвик или несреќа: 11 годишен ученик паднал од третиот кат во прилепско училиште
-
Наставниците добија упатство за ризиците од Тикток
-
Собранието ги поправи и потврди измените на кои Силјановска стави вето
-
Мицкоски од ВИП ложа ја следеше инаугурацијата на Трамп, бројни средби и денеска во Вашингтон
-
Изборот на Трамп ќе донесе економски придобивки за Западниот Балкан