Македонија
30. December 2023 - 21:44

Уапсен внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети

Уапсен е Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, објави „Скопје1“. Тој во моментот се наоѓа во полициската станица „Беко“.
Според првичните неофицијални информации, Ахмети бил фатен со поголема количина на пиротехнички средства.
 
Според информациите на порталот, Ахмети бил запрен од  полициската екипа „Тигри“. Тие побарале и направиле претрес во неговиот автомобил. Во него имало пиротехнички средства.
 
Трговијата со пиротехника е забранета. Поради ова се очекува кривична постапка против Дрин Ахмети.
 
Инаку, Дрин Ахмети од неодамна и косопственик на трговскиот центар „Соравија