Уапсен поранешен портпарол на Нетанјаху и уште еден негов соработник
Израелската полиција соопшти дека во рамките на истрагата за корупција на премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху уапсени се двајца негови блиски соработници - неговиот поранешен портпарол и поранешниот генерален секретар на Министерството за комуникации на Израел.
Поранешниот портпарол Нир Хефец и генералниот секретар на Министереството Шломо Филбер се обвинети дека поддржале одредби вредни неколку стотини милиони долари, кои требале да одат во корист на израелска компанија за телекомуникации „Безек“, а за возврат да добијат поволно претставување на Нетанјаху во медиумите.
Нетанјаху уште не е осомничен за овој случај, но се очекува да биде сослушан.
Во притвор е и мнозинскиот акционер на „Безек“, Шаул Елович, како и неговата сопруга, синот и други високи функционери на „Безек“.
Пред неколку дена, израелската полиција упати предлог до државниот обвинител да го обвини Нетанјаху за примање мито и измама, бидејќи постојат доволно докази за покренување на обвинение.
Ново на Сител
-
Наутро студено, преку ден сончево до 25 степени
-
Терористички напад во Тел Авив, шестмина мртви | ВИДЕО
-
Иран лансираше ракети кон Израел | ВИДЕО
-
Контрола во правно лице во Скопје, затекнати седум турски државјани кои незаконски работеле во државата
-
Почина жена на Клиника во Скопје
-
Скопјанец со автомобил намерно удрил во тинејџер при што го повредил
-
Пронајдена дрога кај осуденик во штипскиот затвор
-
Роднини од Врапчиште туркале судија и не му дозволиле да изврши увид