"Не сум виновна нели мамо" - Весна Петрушевска во тага, нејзината ќеркичка преживеа пекол
Мојата Мина е најхраброто дете на овој свет, последниве пет дена ми покажа како се соопштува вистината, како да се соочи со најголемото зло што може да му се случи на едно дете, да ги издржи сите предизвици,да ми откине парче од моето срце полно со очај, чемер, бес, лудило и на крај да ми соопшти:Јас ова го кажав за да не им се случува на другите дечиња ,не сум виновна нели мамо?...
Овој потресен статус на социјалната мрежа Фејсбук го сподели актерката Весна Петрушевска, со што јавно раскажа за храброста на нејзината ќеркичка по траумите кои ги доживеала. Според коментарите на статусот на актерката, нејзината ќеркичка е детето кое беше нападнато од маж во саботата кај Млечниот ресторан во Капиштец.
Полицијата информираше дека му е одреден притвор на монструмот кој ја потресе македонската јавност. Според податоците, додека 11-годишното девојче возело велосипед по булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и улица „Анкарска“, застанало до едно непознато машко лице, кое се движело пеш, на возраст од околу 40 години, и му побарало 20 денари. Сторителот ѝ рекол дека ќе ѝ даде, но дека треба да појде со него до блиската гаража, на што таа се согласила. Наместо 20 сторителот и дал 500 денари и ја однел во гаражата каде го извршил половиот напад, по што заминал и и рекол да не кажува никому.
Утрински пишува дека изминатиот викенд, кога се случил грозоморниот настан, девојчето било на гости кај Млечниот ресторан во Капиштец. Притворениот педофил живеел во најблиското соседство и добро го познавал девојчето.
- „Дајте им го сето време на овој свет, оти кога ќе помислам што се случувало кога се соочила со монструм, ми оди да ги срушам сите планини на овој свет, да ја гушнам и никогаш да не ја пуштам. Моето дете е херој и секогаш верувајте на нивната љубов и искреност. Моето дете кое ги сака сите луѓе и им верува бескрајно“, напиша Весна во емотивниот статус со кој си ја отвори душата.
Весна не сакала да го коментира настанот телефонски за екипата на Утрински.
Навистина ужасно.
Ново на Сител
-
Иран лансираше ракети кон Израел | ВИДЕО
-
Контрола во правно лице во Скопје, затекнати седум турски државјани кои незаконски работеле во државата
-
Почина жена на Клиника во Скопје
-
Скопјанец со автомобил намерно удрил во тинејџер при што го повредил
-
Пронајдена дрога кај осуденик во штипскиот затвор
-
Роднини од Врапчиште туркале судија и не му дозволиле да изврши увид
-
Ѝ се заканил на судијка дека ќе ја убие, ОЈО поведе постапка
-
Во Дебар поставен транспарент „Албанците се понижуват до таму што се гази и крвта на паднатите борци! Врати се команданте, Али Ахмети!“