Роднини од Врапчиште туркале судија и не му дозволиле да изврши увид
Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Попречување на правдата предвидено во член 368-а став 5 од Кривичниот законик.
- На 30 септември, во семејната куќа во која живееле двајцата роднини, тие како соизвршители спречиле судија на Основниот суд Гостивар да презема дејствија предвидени во постапка пред надлежен суд. Судијата вршел увид и преземал службени дејствија за прибирање докази за предмет во вонпарнична постапка, кога двајцата осомничени употребиле сила за да го спречат и започнале да го туркаат. Судијата се повлекол во автомобилот заедно со шоферот и дактилографот, по што осомничените во два наврати се обиделе насилно да ја отворат вратата од возилото за да го нападнат, информира ОЈО.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, поради можноста да се дадат во бегство, да влијаат врз постапката или да го повторат делото.
Ново на Сител
-
Како ракети со долг дострел што ја гаѓаат Русија можат да влијаат на војната во Украина
-
Во Берово најстудено, -6 степени
-
Почнува амандманска расправа за Предлог - буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет
-
Муцунски и Борел ќе потпишат Договор за безбедносно и одбранбено партнерство
-
Промоција на видео „Да го прекинеме кругот на врсничкото насилство!”
-
Трамп го номинираше Шон Дафи за министер за транспорт
-
Си: Вештачката интелигенција не смее да биде игра на богатите земји и луѓе
-
Масовниот убиец Андреас Брејвик повторно бара предвремено пуштање од затвор