Македонија
11. September 2020 - 19:40

Труд и социјала за Атиџе: Центарот за социјална работа ја следи ситуацијата

Труд и социјала денес излегоа со став за ситуацијата со Атиџе во која таа стравува за нејзиниот живот бидејќи трпи напади од соседот.

„Атиџе Муратова е во системот за социјална заштита како корисник на права од Законот за социјална заштита.

Во однос на настанот кој е предмет на ваш интерес, тој не е во надлежност на МТСП.

Во однос на социјалните права на Атиџе Муратова, Центарот за социјална работа во Свети Николе ја следи состојбата  и превзема конкретни мерки“, изјавија од Труд и социјала.