Трошоците за одбрана на Британија ќе се зголемат за повеќе од милијарда фунти
– Британија ќе ги зголеми трошоците за одбрана за повеќе од милијарда фунти за да избегне реално намалување во следните две години, објави Телеграф. Се очекува министерот за финансии Џереми Хант да го објави зголемувањето на буџетот напролет, наведува весникот.
Според медиумот, воените експерти проценуваат дека буџетот на Министерството за одбрана во 2024/25 година треба да се зголеми на 50,1 милијарди фунти од 48,6 милијарди фунти за да се избегнат кратења во реални услови поради инфлацијата, која останува над 10 отсто.
За есенскиот буџет минатиот месец, Хант рече дека владата ја препознала потребата за зголемување на трошоците за одбрана и потврди дека ќе го задржи буџетот на ниво од најмалку 2 отсто од БДП во согласност со нејзината посветеност на НАТО.
„Имаме еден од најголемите буџети за одбрана во Европа и во 2020 година го објавивме најголемото зголемување на трошоците за одбрана од Студената војна“, изјави владин портпарол.
Ново на Сител
-
Рибарските мрежи опасни по живиот свет во езерото
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Голема симулациска вежба на скопскиот аеродром
-
Беџети контра Ахмети: ДУИ не е за бојкот на изборите
-
ВМРО-ДПМНЕ до Пендаровски – Ако не може да помогне, да не и одмага на Македонија
-
Јанев: Контроли има, недостасува сообраќајна култура
-
Голема симулациска вежба на Скопскиот аеродром
-
Бизнис конфедерацијата на Македонија нуди излез од лавиринтот на минималната плата