Македонија
9. March 2025 - 16:36

Бизнис конфедерацијата на Македонија нуди излез од лавиринтот на минималната плата

За да се излезе од лавиринтот на минималната плата, треба да се воспостави социјален дијалог и колективно преговарање помеѓу работодавачите и работниците, за секој сектор посебно, а не да се генерализира. Државата во овој поглед не може, а и не треба да помогне, зашто минималниот личен доход треба се утврди според потребите на работниците, потрошувачката кошничка, но и според капацитетот на економијата, сметаат од Бизнис конфедерацијата на Македонија. 

- Ние „сонувавме“ работниците и работавачите конечно самите, независно да се договараат и преговараат. Затоа, овој потег дека државата ќе влезе во оваа, ќе ја наречам приказна, минимална плата, мораме да го издржиме и мораме сами да ги создадеме условите и затоа протажираме самите да се договараме по однос на минималната плата, изјави Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерацијата на Македонија.

И додека работниците и работдавачите да седнат на маса за да се договорат, се уште се регистрираат случаи на дискриманиција на работните места или при вработување. Комисијата за спречување и заштита од дискриминација лани утврдила и постапувала по 10 претставки. 

- Отстранети се нееднаквостите во 90% од случаите. За тие утврдени мислења за кои не постапил дискриминаторот, Законот предвидува соодветен поднесок до надлежниот суд, а тоа е и направено минатата година, изјави Лимко Бејзароски, претседател на Комисијата за спречување и заштита од дикриминација.

Само еднаквите граѓани, се слободни, додаде Бејзароски, а за да се актуелизира ова прашање, во Штип се одржа Национална конференција за родова еднаквост и дикриминација на работното место.