Македонија
9. March 2025 - 19:55

Голема симулациска вежба на скопскиот аеродром

Киднапирање патници, држење заложници, пожар, транспорт на повредено лице со хеликоптер. Надлежните служби денеска ја тестираа подготвеноста на македонските специјалци за справување со вонредни состојби преку симулациска вежба. 

Реална заложничка криза на скопскиот аеродром досега немало, дециден е првиот човек на БЈБ. Но, сепак тврди дека специјалците се подготвени за вакви реални закани кои може да се случат.

Согледувањата од денешната вежба ќе бидат искористени за подобрување на безбедноста на патниците, и персоналот на скопскиот аеродром и зајакнување на соработката меѓу надлежните институции.