-->
-->
Тропската бура Минди стигна до американскиот брег
-->
Тропската бура Минди стигна до американскиот брег. Се очекуваат ветрови со брзина до 24 метри во секунда да ги зафатат Северна Флорида, Џорџија и Јужна Каролина.
Бурата, формирана во Атлантскиот Океан, вчера ги погоди бреговите на Флорида, објави „Њујорк тајмс“.
Островот Сент Винсент, 100 километри од градот Талахаси, бил прв на удар од стихијата. Метеоролозите предвидуваат дека Минди со налети на ветер до 24 метри во секунда ќе го зафати северниот дел на Флорида, како и државите Џорџија и Јужна Каролина, а денеска повторно ќе замине кон океанот.
Во некои области би можеле да наврнат и до 15 сантиметри дожд, а можна е и појава на град. Ова е 13-та бура која го погоди источниот брег на САД оваа година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Водици и Денот на рибарите магнет за туристите
-
Преглед на вестите од светот
-
Револт кај Македонската Фаланга од данските судии - играчите и навивачите сепак не се обесхрабрени
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ