Трибина за загадувањето на животната средина
„Состојбите со загадувањето на животната средина во Република Македонија“ е насловена научната трибина која денеска во Кинотеката на Македонија ќе ја организира Македонското еколошко друштво.
МЕД соопшти дека на трибината ќе бидат претставени состојбите со загадувањето со тешки метали во сите медиуми на животната средина на Македонија, а посебно внимание ќе биде посветено на квалитетот на воздухот и водите и нивното влијание врз луѓето и живите организми.
- Оваа актуелна научна трибина е обид да се обединат оригиналните и понови резултати од научните истражувања во Македонија кои се однесуваат на загадувањето на воздухот, водата и почвата во Македонија. Целта на трибината е да ја побуди научната и стручната јавност да ги презентира научните сознанија за состојбата со загадувањето на животната средина во Македонија на видлив начин за пошироката јавност, информира Македонското еколошко друштво.
Ново на Сител
-
Тема на денот со професорот Синиша Наумовски
-
Преглед на вести од светот
-
Ребалансот на буџетот ќе тежи 5,8 милијарди евра
-
Активни пожари низ државата, најкритично на Серта
-
Евакуација на Огражден
-
Затвор и одземени ниви од обвинети во „Синџир“
-
Башким Бесими е наследникот на Иџет Мемети
-
Пропадна тендерот за нова компресорска станица – неизвесно кога нормално ќе профункционираат хируршките сали