Македонија
17. July 2024 - 16:42

Пропадна тендерот за нова компресорска станица – неизвесно кога нормално ќе профункционираат хируршките сали

Продолжува неизвесноста кога нормално ќе профункционираат хируршките сали на Клинички. Ниту една фирма не се јави на тендерот за набавка и пуштање во работа на нов систем за компримиран воздух во вредност од околу 300.000 евра.  Поради ова дополнително се пролонгира првичниот рок најавен од министерот за здравство дека за 6 месеци ќе биде поставена нова компресорска станица. Доколку се оди со нов тендер тоа би се случило најрано на почетокот на идната година. За да биде порано според информации на Сител надлежните можат да одат со постапка на договарање.

Како да постапат одговор од Владата и мз чекаат и во заеднички служби, од каде преку допис ги известиле дека иако имало 3 заинтересирани оператори кои ја посетиле локацијата на денот на отворањето, никој не не доставил понуда.

– Хируршките сали во моментот функционираат со привремено решение, односно со надворешни компресори. Бројот на операции е намален, а листата на пациенти од ден на ден значително се зголемува.

Летниот период вообичаено се редуцирани хируршките интервенции поради одморите и топлото време, но се поставува прашањето: што ќе се случува наесен, дали ќе има дополнителен хаос или надлежните ќе изнајдат решение.

Од здравство кратко одговорија дека ќе има нова набавка на компресорска станица, но дополнително ќе информирале на кој начин ќе биде реализирана постапката  и кога тоа ќе се случи.