Македонија
17. July 2024 - 16:42

Башким Бесими е наследникот на Иџет Мемети

Башким Бесими е новиот заменик-претседател на Советот на јавни обвинители. Неговиот избор доаѓа по оставката на Иџет Мемети, кој минатата седница реши да ја напушти функцијата, за како што рече, да придонесе за независна истрага на случајот во кој е осомничен дека за пари овозможил поблага казна за градоначалникот на Ново Село.

Душица Димитриеска, претседателка на Советот на јавни обвинители тонско

По најавите за распуштање на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители, Мицкоски е дециден дека е подготвен за разговори, но не со обвинители и судии оти според него, тоа ќе претставува вршење на политички притисок. Од Советот на јавни обвинители пак, денеска изразија подготвеност да учествуваат во сето она што подразбира подобро остарување на нивната функција и надлежност.

Душица Димитриеска, претседателка на Советот на јавни обвинители тонско

На денешната седница на Советот, како ненавремена беше отфрлена и иницијативата на Антикорупционерите кои ги повикаа на одговорност и членовите на Управниот одбор на Академијата, бидејќи дозволиле тестирање за прием на деветтата генерација слушатели за судии и јавни обвинители, во ек на изборен период.

Габер Дамјановска, во петокот си поднесе оставка од директорската позиција на Академија, оти била незадоволна што Антикорупциска и Управниот суд забранија да се спроведат тестирањата.