Трамп за пожарите го обвини гувернерот на Калифорнија и го повика да поднесе оставка
– Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп денеска повторно го обвини гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом за ширење на шумските пожари и го повика да поднесе оставка.
– Еден од најдобрите и најубавите делови на САД гори до темел.
(Јужна Калифорнија) се претвора во пепел, а Гевин Њусом треба да поднесе оставка, напиша Трамп на својата платформа „Трут сошал“ (Truth Social).
Тој додаде дека „за се е виновен“ гувернерот на Калифорнија.
Трамп вчера го обвини Њусом поради што не потпишал налог за полнење на резервоарите со вода, што би помогнало во гаснење на пожарот што го зафати Лос Анџелес.
Најмалку пет лица загинаа во пожарите што зафатија делови од Лос Анџелес и соседниот округ Вентура, поради што беа евакуирани повеќе од 130,000 луѓе.
Според Одделот за шумарство и заштита од пожари во Калифорнија, пожарот во предградието на Лос Анџелес, Пацифик палисадес во истоимената област изгореле најмалку 15,832 хектари и сè уште не е ставен под контрола.
Училишниот одбор на Лос Анџелес објави дека училиштата ќе останат затворени, а на Калифорнискиот универзитет во Лос Анџелес (УКЛА) од вчера наставата се одвива преку интернет.
Ново на Сител
-
Нова анкета за довербата во правосудството?
-
Тема на денот со Жана Базби, бизнис психолог и психотерапевт (Лондон)
-
Битoлски хирург фатен како прима поткуп по направена операција на жолчка
-
Мицкоски најави ригорозни контроли во маркетите
-
Според СДСМ задолжени се следните три поколенија, премиерот очекува унгарскиот кредит да го раздвижи стопанството
-
За нова цена на парното Регулаторна ќе одлучува до крајот на неделава
-
Левица со предлог измени на закон
-
Девет амбасадори се враќаат дома – иницијатива за именување на 4 нови