Трамп го прифати повикот на Меркел за самитот на Г-20
Американскиот претседател Доналд Трамп го прифати синоќа повикот на германската канцеларка Ангела Меркел за присуство на самитот Г-20 во Хамбург во јули оваа година.
Трамп и Меркел при телефонскиот разговор се согласиле за „фундаменталното значење“ на НАТО, како и дека членките на Алијансата мораат да „го платат нивниот дел“ од трошоците за колективната безбедност, се наведува во заедничкото соопштение на двајцата лидери.
Во соопштението на Белата куќа стои дека Трамп ја повикал Меркел наскоро да замине во посета на Вашингтон.
Меркел и Трамп разговарале и за Блискиот Исток, северна Африка, нивните односи со Русија и судирите во источна Украина, се наведува во соопштението на портпаролот на германската Влада.
Лидерите на Германија и САД се согласиле да ја интензивираат соработката во борбата против тероризмот.
Ново на Сител
-
Од први јули минимално поскапува струјата
-
Пензионерите со нови услови
-
Бугарија бара Брисел да не потсети дека треба да ги донесеме уставните измени
-
Невремето затвори операциони сали во ГОБ 8-ми септември
-
Каевски ја оперирал ногата, судењето за спортски ваучери се одложи
-
Состојбата во затворот „Идризово“ алармантна, новиот министер денеска во посета
-
Невремето ќе трае до утре, граѓаните да внимаваат од молњи
-
33 издание на меѓународниот хорски фестивал „ТЕХO“