-->
-->
Трагедија на Ибарска магистрала, загинаа двајца браќа откако се забија во автобус
-->
Трагедија се случи утринава на Ибарска магистрала кога во сообраќајна несреќа животот го загубија две млади лица од Црна Гора, а една жена е тешко повредена.
Според информациите објавени во српските медиуми, автомобил „Голф“ претекнувал два камиони, по што се забил во автобус кој доаѓал од спротивната лента.
Зад воланот на автомобило бил 18 годишно момче, а сопатници во возилото биле 28-годишник и жена на возраст од 49 години. На лицето загинале двете момчиња, а жената е хоспитализирана со тешки повреди. Неофицијално се работи за двајца браќа и нивната мајка.
Никој од патниците кои биле во автобусот не е повреден. „Голфот“ е буквално смачкан, а се претпоставува дека главна причина за несреќата е неприлагодената брзина во услови на намалена видливост поради густа магла.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп