Топло со температура до 36 степени, од утре и 41 степен
Сончево и топло со температура до 36 степени, а од утре ќе биде многу топло со температурата што ќе се искачи и над 40 степени, сошто ќе биде активирана жолта, а во некои региони и портокалова фаза. УВ индексот ќе биде висок и изнесува 9.
Од УХМР информираат дека денеска времето ќе биде сончево и потопло со слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе биде помеѓу 10 и 19, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. Вредноста на УВ зраците ќе го достигне индексот 9.
Времето во Скопје ќе биде сончево и топло, со температура од 16 до 34 степени.
Метероролозите за од утре до средината на наредната недела најавуваат пораст на температурата која на места ќе достигне 41 степен под влијание на многу топла воздушна маса.
Во услови кога се активира жолта и портокалова фаза се препорачува граѓаните да се заштитат од директна сончева изложеност, да избегнуваат престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, да носат светла и лесна облека, а при директна изложеност на Сонце да носат заштитни очила и капа, да конзумираат лесна храна и течности, да внимаваат при подготовка и конзумирање на храната, да избегнуваат термички необработени производи, како мајонези од домашни јајца, внимателно да консумираат сладолед и разни кремови, да внесуваат поголемо количество течности, најдобро обична вода за пиење, да избегнуваат алкохолни пијалаци, а при влегување во возило треба одреден период да го проветрат.
Во топлите денови се препорачува граѓаните да останат во затворени простории, пред се климатизирани, а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да најдат можност за почести одмори под сенка. Хронично болните лица редовно да ја земаат пропишаната терапија.
Заради најавата на топлиот бран од Дирекцијата за заштита и спасување аплеираат да не се фрлаат цигари и догорчиња, стаклен отпад и стаклени шишиња, да не се пали оган и скара на отворен простор и шума, да не се дозволува децата да си играат со запалки, пламен и жар, да не се пали отпад и друг горлив материјал, ниту стрништа и меѓи, а ако се забележи пожар веднаш да се извести Територијалната противпожарна единица на бесплатниот телефонски број 193.
Покрај основните препораки за однесување во вакви услови, ДЗС презема и мерки за превентивно делување за заштита од можни шумски пожари и други пожари на отворен простор. Воедно апелира до општините, граѓаните и посетителите на земјава, да внимаваат кога се на отворено.
Дирекцијата потсетува дека од март е донесена забрана за движење во шума и шумско земјиште освен за вработените во ЈП национални шуми, а со цел зачувување на шумите, од 15 јули до 15 август, на територијата на целата земја, се спроведува Кампањата за заштита од пожари под мотото „Иднината им припаѓа на оние кои се подготвени – Природата е наша одговорност“.
Ново на Сител
-
Градоначалникот на Нови Сад Милан Ѓуриќ ќе поднесе оставка
-
Од утре дожд, на некои места пороен
-
Невреме и поплави во Италија
-
Во Битола пронајдено починато 46-годишно лице во куќа
-
Сиљановска-Давкова: Молкот го отвори патот за злото – мора да учиме од историјата
-
Медиуми: Српскиот премиер Вучевиќ ќе поднесе оставка
-
МЖСПП: Засилени контроли на возила за намалување на аерозагадувањето
-
Ракометниот натпревар за жени меѓу Македонија и Полска ќе се игра во Битола