Македонија
28. January 2025 - 11:23

Во Битола пронајдено починато 46-годишно лице во куќа

На 27.01.2025 во 21.00 часот во СВР Битола било пријавено дека во куќа во с.Кравари, битолско, бил пронајден починат Б.К.(46) од с.Живојно, oпштина Новаци, со престој во с.Кравари.

Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош Битола, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.