Македонија
29. March 2022 - 12:39

Тешко повреден пешак, сторителот го напуштил местото на настанот

Во текот на вчерашниот ден во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која тешко е повреден пешак. По несреќата сторителот на делото го напуштил местото на настанот.

На 28.03.2022 во 12.06 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Александар Урдаревски“ со сервисна улица што ја поврзува со ул.„Петар Манџуков“,патничко возило удрило во С.С.(67) од Скопје, по што го напуштило местото на настанот. С.С. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.