Тешка сообраќајка пред Демир Хисар: Повредени 30 ученици
Триесетина ученици се повредени во сообраќајна несреќа што се случи утрово, околу 7.30 часот, на патниот правец Демир Хисар-Кичево. Несреќата се случила кога автобусот во кој се превезувале 30 ученици од ОУ “Гоце Делчев“-Демир Хисар се судрил со комбе.
- Утринава се случила сообраќајна незгода помеѓу комбе со битолски регистарски ознаки управувано од С.С.(56) од Крушево и автобус исто така со битолски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, управуван од З.С.(49) од с.Единаковци, Демир Хисар, а во кој се превезувале околу 30 ученици од ОУ “Гоце Делчев“-Демир Хисар, информираат од МВР.
Оттаму додаваат дека при несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на комбето, а со телесни повреди се здобиле учениците.
- На истите им била укажана лекарска помош во Клинички центар Битола. Сообраќајот не бил во прекин и извршен е увид на местото на настанот, велат од МВР.
Ново на Сител
-
Тема на денот за придобивките од членството во НАТО
-
Едно лице задржано во полиција по убиството во Тетово
-
Почна посетата на Вашингтон на владината делегација предводена од Мицкоски
-
Фрчковски повикан на консултации во МНР
-
Симовски: Бројките од пописот во Албанија се резултат на интензивна бугарска пропаганда
-
Засилени полициски контроли на најфреквентните места
-
Фестивалски викенд во Кратово „Златни денови 2024”
-
Аутдор фестивал „When in Krusevo“ по 8-ми пат